Независни Грци до крај ќе се борат да пропадне Договорот од Преспа

132

Доколку дојде и кога ќе дојде решението со Македонија за ратификација во грчкиот Парламент, Независни Грци „ќе ја дадат последната битка за да пропадне Договорот“. Ова било една од причините зошто партијата – коалициски партнер во грчката влада не ја поддржа иницијативата на Нова демократија за гласање недоверба на владата.

Независни Грци вчера одржаа национален совет, на кој едногласно било одлучено да му се даде поддршка на лидерот на партијата и биле одобрени постапките на Каменос, Независни Грци „да не паднат во стапицата со предлогот за недоверба на владата од Нова демократија“ за да ја задржат земјата стабилна пред излегувањето од меморандумите, но и заради Македонија.

– Независни Грци да останат во владата, за преку нивната институционална позиција како коалициски партнер да ја дадат последната голема битка за нашата Македонија со цел да пропадне нацрт Договорот од Преспа доколку дојде и кога ќе дојде за ратификација во Парламентот, соопштуваат од партијата.

Лидерот на Независни Грци во неговиот говор пред националниот совет на партијата, рече дека за името не преговараат и ако дојде време и кога ќе дојде време ќе се повлечат од владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...