Независните пратеници ќе го поддржат Законот за обвинителство

3067

На вечерашната владина седница која треба да започне во 22 часот ќе гласа за Законот за Јавно обвинителство, а независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ веќе потврдија дека ќе ја дадат својата поддршка.

Тие преку соопштение истакнаа дека постигнале согласност за донесување на законот кој треба да ги почитува принципите на независност, владеењето на правото, почитувањето на правата на обвинетите, како и осудените и оштетените во кривична постапка.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

Ние како Независна пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ги застапувавме следните ставови. Еве што постигнавме
1. Јавниот обвинител кој ќе раководи со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да биде избран со непосредно гласање на сите обвинители
2. После завршената академија обвинителите да мора 3 години да бидат во основни обвинителства
3. Ја дефиниравме дисциплинската постапка како не би можела да биде злоупотребена
4. Јавното обвинителство повеќе не може да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушкувани материјали
5. Согласно забелешките на сите присутни експерти на јавната расправа во однос на преносот на надлежностите од СЈО во ОЈО, а во духот на времениот карактер за кој СЈО беше формирано, предложивме преземање на предметите од јавните обвинителства согласно надлежностите утврдени со овој закон
6. Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи
7. Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон
8. Го прецизиравме рокот за конечно одлучување по жалби
9. Собранието на Република Северна Македонија до отпочнување на примената на овој закон (30.06.2020) ќе го усогласи кривичното законодавство со европските стандарди при што во преодните одредби ќе ги наведе броевите на членовите од новиот закон кои кореспондираат во членовите од кривичниот законик.

Нашите искрени намери во овој период беа да се изнајде решение со кое ќе се обезбеди функционирањето на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности и со цел да се оневозможи реваншизам а да се овозможи правда. Апелираме ВМРО ДПМНЕ да даде конструктивни и издржани амандмани кои заедно ќе ги поддржиме и во интерес на граѓаните да донесеме законско решение во духот на градењето доверба во создавањето правна држава и дополнително заедно да и помогнеме на нашата држава во евроатланските процеси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...