Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ упати писмо до американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз во кое изразува благодарност за ратификацијата на Пристапниот протокол за НАТО од страна на Сенатот.
– Во овие сензитивни моменти, моменти на едно разочарување од одлуката на Советот на ЕУ да не почнеме пристапни преговори, една ваква вест дека САД, наш силен стратешки партнер ни оддава признание и брза шанса за влез во Алијансата го враќа оптимизмот, но и дава сигурност дека нашата приказна ќе биде успешна, се вели во писмото.
Од пратеничката група се заблагодарија и на поранешниот американски амбасадор Џес Бејли и неговата заменичка Микаела Швајцер Блум, кои, како што се вели, несебично и гласно допринеле за унапредување на македонско-американското пријателство со поддршка на реформите во правосудството, заштитата на животната средина, можностите за младите, поддршка во образованието и на развивањето на демократските принципи.