Независните од ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека Русковска не ја почитува амнестијата

203

Обвинителството денеска не го почитуваше Законот за амнестија кој беше дел од процесот за помирување, реагира Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, во чии редови се и тројцата пратеници кои амнестирани за 27 април, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Сашо Василевски.

„Со жалење констатираме дека, денес Јавното обвинителство во текот на завршното обраќање не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото. Затоа апелираме до судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за амнестија, со оглед на доказите кои беа изведени во текот на судскиот процес“, пишува во реакцијата на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...