Независните од ВМРО – ДПМНЕ на средба со Даниелсон и Жбогар

491

Независната пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денес оствари средба со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

„На средбата беа вреднувани нашите заложби во важните реформски процеси кои и претстојат на Македонија. Како најважни точки беа издвоени реформите во судството, корупцијата, безбедноста и администрацијата. Овие прашања се од исклучително значење за Македонија. Независната пратеничка група ќе биде коректив и ќе се бори за подобри законски решенија и нивна доследна имплементација. Го афирмиравме ставот дека Македонија заслужува шанса во јуни да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ“, се вели во соопштението од Независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...