Независните од ВМРО-ДПМНЕ: Власта и опозицијата да не манипулираат, две години не можат да изберат ревизор

1540

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, преку соопштение остро ги отфрли шпекулациите дека изборот на државен ревизор и други значајни прашања, е закочен поради нивното, како што велат, легитимно барање да ги добијат позициите кои им следуваат според Деловникот на Собранието.

„Воедно, ја информираме јавноста дека нашето барање е поднесено на последната седница на Комисијата за избори и именувања, а ревизорот не е избран веќе 2 години. Власта и опозицијата да нé манипулираат и да почнат да се однесуваат поодговорно и да не бараат изговори за својата неефикасност , туку да понудат решенија во интерес на граѓаните“, наведуваат осумте пратеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...