Независните од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, попладнево се сретнале со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.
– На средбата ги истакнавме нашите очекувања за понатамошна интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ за што и лично имаме допринос преку поддршка на реформските закони. Важноста за добри закони а не политички договори, треба да биде водилка понатаму, и за законот за ЈО и секако за сите останати. Консензусот треба да се гради во интерес на граѓаните, секогаш, соопштија Независните од ВМРО-ДПМНЕ.