Независен весник: Вработените во 1 ТВ од денеска на принуден одмор

1976

Новинарите и другите вработени од 1 ТВ од денеска заминуваат на колективен, принуден одмор, а вечерва ќе се емитува последното издание на Дневникот на телевизијата, пишува Независен весник.

Како што пишува Независен, вработените што останале во телевизијата остануваат во работен однос, но после 15 август ќе се знае дали ќе ја земат јулската плата.

Сметката на телевизијата е блокирана, а на медиумот му се заканува згаснување откако неговиот неформален сопственик Бојан Јовановски Боки 13 беше уапсен и осомничен за случајот „Рекет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...