На градскиот плоштад во Крушево синоќа се одржа меѓународниот фестивал „Еврофест – чествување за незаборав на Крушево 2018“ и локалните власти ветија дека ќе се потрудат овој фестивал да стане традиција.
Фестивалот започна со неколку песни на Тоше придружени со танцување на плоштадот, а продолжи со изведба на песни во чест на Тоше од страна на победниците од европските фестивали.
На почетокот на фестивалот се обрати и организаторот Костадин Костадинов кој се осврна на дел од животот на Тоше Проески.