Неделковски е приведен поради објавите на Фејсбук?

2036

Познатиот новинар и водител Миленко Неделковски е задржан во полициската станица во Велес поради истрага за неговите објави на социјалните мрежи со кои се шири говор на омраза, неофицијално дознава Плусинфо од извори во истрагата.

Од Министерството за внатрешни информации (МВР) засега нема официјална потврда на ваквите информации.

Дека полиција му е дојдена на врата да го приведе, Неделковски сам објави на неговиот Фејсбук профил.

„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат „покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога…“, напиша тој.

Пред три дена Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд поднесе обвинителен предлог против Неделковски за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку неговите коментари и статуси на социјалните мрежи за време на катастрофалните пожари во Грција изминатото лето.

Поради овој случај веројатно е и неговото денешно задржување во велешката полициска станица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...