Недела против лажните вести

117

Институтот за комуникациски студии од утре до 18 ноември ќе ја одбележи Неделата против лажните вести со серија обуки, дебати, онлајн квизови и видеа.

„Новите медиуми нудат простор за неограничена слобода на изразување, која за жал често се злоупотребува од поединци, кои не размислуваат или воопшто не им е грижа за етичките стандарди на информирање и одговорно искажување на ставовите. Сведоци сме на зголемен тренд на лажни вести и манипулации, кои некогаш ниту експертите не можат да ги препознаат. Преку Неделата против лажните вести сакаме да ги отвориме овие прашања, да им понудиме на граѓаните алатки да ги препознаваат ваквите медиумски манипулации и да реагираат“, вели Жанета Трајкоска, директорката на Институтот за комуникациски студии.

Во понеделник, вторник и четврток Институтот ќе организира три обуки за средношколци, за студенти и за пензионери, а во среда ќе има онлајн семинар „Со новинарски техники до појасна слика: истражувачкото новинарство против лажните вести”.

Неделата ќе заврши со вебинарот „Зошто е важна медиумската писменост?”.

Во рамките на Неделата против лажни вести ќе бидат промовирани четири едукативни видеа кои ИКС ги подготви како дел од оваа кампања, како и неколку квизови на кои сите заинтересирани ќе можат да си ги проверат сопствените медиумски познавања, а ќе има можност и за прашања од граѓаните на кои ќе одговараат експерти од медиумските институции и организации од земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...