Недела на современ фински филм

122

Во Кинотека на Македонија Ве поканува од утре до 29 април ќе се одржи Недела на современ фински филм. Селектор на филмовите е српскиот режисер Бојан Вулетиќ.

Ќе бидат прикажани шест филмови, пет играни и еден документарец, кои меѓусебно се разликуваат по теми и по форма. Филмовите претставуваат пресек на финската кинематографија во последниве две години, односно оној нејзин дел кој досега не сме имале можност да го гледаме на редовните кино-репертоари или на домашните фестивали.

Програмата се реализира со помош на Амбасадата на Република Финска во Белград.

Утре во 20 часот свеченото отворање ќе биде со филмот Мало крило во режија на Селма Вилхунен.

На  25 април во 20 часот ќе биде прикажан филмот Успивачот во режија и сценарио на Тeму Ники.

Во четврток на 26 април во 20 часот е документарниот филм Непростено. Режисер и сценарист на филмот Ларс Фелдбале Петерсен.

Законот на земјата ќе биде емитуван во петок во 20 часот. Филмот е во режија на Јуси Хилтунен.

Во сабота е Ѕвездени момнчиња на Виса Коисо-Кантила и во недел Земја на чудата Инари Ниеми.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...