Пејачката Неда Украден најверојатно ќе биде дисквалификувана од овогодишниот избор на српскиот претставник за Евросонг.
Песната под име „Бомба“, Неда ја објавила во декември иако правилата на изборот наложуваат дека песната не смее да биде изведена пред фестивалот, односно пред прикажувањето на каналите на Радио Телевизија Србија.
– Објавив три нови песни. Една од нив беше погодна за промоција на таква манифестација. Јас сум некој кој го сака секој вид на предизвик. Прво, тоа ме радува, немам некои претензии, но песната е атрактивна. За мене тоа е одлична промоција на „Бомба“, како што се вика нумерата, а сè останато што оди со тоа е бонус – неодамна изјавила Неда за медиумите и со тоа потврдила дека прекршила едно од правилата на конкурсот.