На Неда Арнериќ ѝ следува подолг период на заздравување на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград.
Како што „Курир.рс“ дознава, актерката нема да добие отпусна листа во наредниот месец, бидејќи во болница била донесена во тешка состојба. Со оглед на тоа дека била на работ на смртта поради прекумерната доза на таблетите за спиење во комбинација со лековите за висок крвен притисок, лекарите инсистираат на тоа нејзиниот организам комплетно да се исчисти.
– Неда беше примена на одделението за токсикологија во бесвесна состојба. Од ден на ден таа е сè постабилна, но во моментот не е способна да се грижи за себе. Тимот на лекарски стручњаци донесе одлука да ја задржи на ВМА колку што ќе биде потребно, односно додека таа сосема не закрепне, а претпоставка е дека тоа ќе биде најмалку еден месец – открил извор за „Курир.рс“.
Братот на Неда редовно ја посетува во болницата.
FOTO: Blic.rs