Негативни се тестовите кај возачот и виничанецот, се чекаат резултати за жена која била во Северна Италија

Филипче изјави дека има една пациентка која утрово се јавила на Инфективнаta клиника. Жената патувала во Северна Италија и пред три дена со приватно возило дошла во земјава. Таа имала симптоми и самата утрово се јавила на Инфективна клиника.

642

Негативени се резултатите на возачот и на виничанецот кој вчера избега па го вратија во Штипската болница, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека возачот кој ја пренесувал заразената патничка од коронавирусот, сепак ќе остане во домашна изолација до навршување на 14 дена, колку што е предвидено.

– Негативен е тестот и на пациентот кој од Виница се јави во Штипската болница и кој како што вчера сите слушнавме побегна, па беше вратен. Добро е што немал контакти со никој освен со девојката -изјави министерот.

Тој рече дека според нашиот конзул во Северна Италија, нема податоци за наши државјани кои се во карантин или се заболени во Италија.

Филипче изјави дека има една пациентка која утрово се јавила на Инфективнаta клиника. Жената патувала во Северна Италија и пред три дена со приватно возило дошла во земјава. Таа имала симптоми и самата утрово се јавила на Инфективна клиника.

Министерот истакна дека единствената пациентка којашто е позитивна на корона вирус е во добра општа здравствена состојба. Таа веќе втор ден нема температура и се очекува дека многу скоро ќе почне и закрепнувањето.

– Упатувам апел кон сите пациенти кои ќе појават симптоми, да не креваат паника кога ќе се назначи изолација. Тоа е за нивно добро и за доброто на нивните блиски. Не е ништо лошо ако се поседи во изолација – рече Филипче, по повод бегството на виничанецот од Штипската болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...