Невреме ја прекина потрагата по урнатиот авион кај Солунска Глава

696

Поради лошите временски услови вечерва е прекината потрагата по малиот авион од типот Цесна П210Н, кој попладнево се урна кај Солунска Глава при што загина семејство од Бугарија.

Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен на голема височина, информираат од  КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Оттаму додаваат дека потрагата ќе ја продолжат утре.

„Малиот авион од типот Цесна П210Н кој попладнево беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска Глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се лоцирани, како и телата на четирите патници – бугарски државјани“, информираат за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР. Авионот сообраќал на релација Охрид – Софија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...