Силно невреме ја зафатило Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми.
Поради силен ветер снемувало струја, а на патиштата паѓале гранки од дрвја.
Покрај грмежите, во некои градови паѓал и крупен град.
Биле затворени и некои автопати.
Како што наведуваат медиумите, на одредени места паѓало и снег.