Невреме со дожд, ветер и грометивици зафати делови на Балканот вчера и денеска, при што во близината на босанскиот град Прњавор 11-годишно девојче загинало од удар на гром.
Несреќата се случила вчера вечер, во месноста Отпочиваљка, каде што живеело девојчето, јави весникот Аваз.
Во српскиот главен град Белград денеска 15 минути паѓал град со големина на лешник, а метеролозите очекуваат дека ќе останат високите температури, а бурата и грмотевиците ќе се насочат кон западните делови на Србија.