Невреме во Словенија, поплавено дел од крајбрежјето

Словенечките власти во половина држава прогласија „портокалова“ фаза, поради опасноста од излевање на реките и силниот ветер кој е проследен со обилни врнежи. Источниот дел од земјата е во „жолта“ предупредувачка фаза.

427

Дел од словенечкото крајбрежје утринава се поплави поради силните дождови и ветер кои од синоќа ја зафатија речиси целата држава. Во Пиран се огласија и сирените за опасност, откако големите бранови поплавија дел од градот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенечките власти во половина држава прогласија „портокалова“ фаза, поради опасноста од излевање на реките и силниот ветер кој е проследен со обилни врнежи. Источниот дел од земјата е во „жолта“ предупредувачка фаза.

Според информациите на метеоролозите, ваквото време ќе потрае до крајот на денот, вечерта ќе се стабилизира, но од недела се најавени нови обилни врнежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...