Невреме во Скопје, температурата се намали на 19 степени

1041

Невреме со дожд и грмотевици денеска го зафати Скопје и регионот, како што и прогнозираа од УХМР, а најaвени се и врнежи од град. Апел до граѓаните да внимаваат и да не стојат под дрвја.

Сепак, дождот што попладнево почна да паѓа во главниот град ги освежи скопјани, а  температурата се спушти на 19 степени Целзиусови и тоа од 32 степени, колку што за денеска прогнозираа синоптичарите од УХМР.

За утре во Скопје УХМР најавува сончево и топло со умерена облачност, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 31 степен.

Во наредните три дена времето во земјата се прогнозира да биде претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=7

ФОТО: Принтскрин Алсат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...