Силно невреме го погоди Преспанскиот регион алармираат од Центарот за управување со кризи.
„Силно невреме со дожд и ветер го зафати с.Крани и автокампот „Крани“, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени“, соопштија од ЦУК.
Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно.
Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село.
Сите овие села: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без струја.
На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции.
Граѓаните од овој регион на социјалните прежи споделуваат низа фотографии и видеа од невремето. Во продолжение е едно такво видео, кое на својот Фејсбук профил го објави режисерот Јане Бојаџи.