Невремето ја погоди и Албанија: Двајца загинати на крајбрежјето

Албанската гранична полиција спасила 14 лица, од кои девет чешки туристи кои биле блокирани во лагуната Вилун кај Велипоја. На чешките туристи помош им била дадена на лице место, додека петте други туристи кои се од Албанија и Косово, биле префрлени во локалната болнца и се надвор од животна опасност.

3060

Од силното невреме што го погоди речиси целото албанско крајбрежје, создавајќи високи бранови во морето, две лица го загубиле животот, а 15 други се спасени благодарение на пожртвуваноста на крајбрежната стража, на која во припомош и пристигнале и прпадниците на специјалната единица за брза интервенција.

Во Драч скутер бил погоден од брановите во Ѓири и Лазрит, при што момче на 33-годишна возраст кое управувало, им подлегнало на повредите во болницата во Драч. Исто така, во Драч го загубила животот и една жена на 50-годишна возраст, која била извлечена од водите и била однесена во болница каде и починала.

Во меѓувреме двајца други туристи, во Велипоја, од кои едно дете, биле спасувани од високите бранови, што се појавиле како последица од невремето.

Албанската гранична полиција спасила 14 лица, од кои девет чешки туристи кои биле блокирани во лагуната Вилун кај Велипоја. На чешките туристи помош им била дадена на лице место, додека петте други туристи кои се од Албанија и Косово, биле префрлени во локалната болнца и се надвор од животна опасност.

Преку соопштение албанската полиција ги повика сите туристи да бидат максимлно внимателни, бидејќи поради невремето брановите во морето се многу високи. Во исто време советува за каква било потреба да се јават на бесплатниот телефонски број 112.

Поради немирното море забранет е и морскиот сообраќај.

Како што веќе пренесовме, попладнево невремето ја погоди и Хрватска, каде има паднати стебла, поплавени улици, а се појави и мали торната т.н. „пијавици“.

Српските медиуми, јавуваат дека дождот стигнал и до Белград, каде на одредени места настанува и колапс во сообраќајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...