Невремето во Италија зеде 30 животи

192
ФОТО: ЕПА-ЕФЕ/ MIKE PALAZZOTTO

Билансот на жртвите во невремето, проследено со силен ветер и поројни дождови, што минатата недела ја погоди Италија, според последните податоци изнесува 30 загинати, од кои 12 ги загубиле животите на Сицилија, соопштија синоќа италијанските власти.

Меѓу жртвите се и девет членови на две семејства, вклучлитечно и две деца и тинејџер, кои за време на поплавите предизвикани од невремето останале заглавени во диво изградена куќа во местото Кастелдача во близина на градот Палермо на Сицилија.

Италијанската агенција за цивилна заштита информира дека меѓу загинатите е и еден турист од Германија, кој го загубил животот при удар на гром на островот Сардинија.

Според проценките на италијанските власти, при невремето во цела Италија биле откорнати или искршени околу 14 милиони дрва.

Најголеми материјални штети се предизвикани во реонот на Венеција, каде покрај поплавите имаше и појава на неколку свлечишта.

ФОТО: ЕПА-ЕФЕ/ MIKE PALAZZOTTO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...