Невладини: Текстот на Предлот-законот за Охридски регион не е ист со презентираниот на УНЕСКО

Според нив, ваквиот начин на носење одлуки на Советот за Охридскиот регион не е во согласност со Охридскиот рамковен договор, бидејќи Бадентеровиот принцип на донесување одлуки се воспостави за да се избегне надгласувањето на помалите етнички заедници за сметка на мнозинството во претставничките тела, како Собранието и советите на локалната самоуправа, каде избрани претставници носат одлуки во името на граѓаните.

358

Осумнаесет невладини организации сметаат дека Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување на единственото УНЕСКО подрачје во земјата.

Тие предупредуваат дека текстот на законот кој е во собраниска процедура не е ист со оној кој беше дискутиран на јавната расправа на крајот на 2018 година и презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Баку. Бараат да се врати законскиот предлот од ноември 2018 година.

– Предлагачите во него додале член со кој уредува примена на т.н. Бадентеровото мнозинство (односно двојно мнозинство) при носење на препораките и мислењата на Советот за Охридскиот регион (Советот) – велат од невладиниот сектор.

Според нив, ваквиот начин на носење одлуки на Советот за Охридскиот регион не е во согласност со Охридскиот рамковен договор, бидејќи Бадентеровиот принцип на донесување одлуки се воспостави за да се избегне надгласувањето на помалите етнички заедници за сметка на мнозинството во претставничките тела, како Собранието и советите на локалната самоуправа, каде избрани претставници носат одлуки во името на граѓаните.

– Во конкретниот случај се работи за стручно тело со советодавна улога, чиј мандат е точно определен во членот 9 од Предлог-законот, односно тело кое дава мислења, препораки и предлози заради зачувување на природата и културното наследство на Охридскиот регион, но не донесува одлуки! Имено, во членот 8, став 15 од Предлог – законот уредено едека членовите се бираат според нивната функција, односно позиција во одредена релевантна институција, а не согласно принципот на Бадентер, од што произлегува дека не мора да значи дека нејзиниот состав ќе ја одразува етничката структура на државата – додаваат невладините.

Тие сметаат дека ваквото законско решение ќе создаде простор за локални моќници директно да влијаат на сите препораки, предлози и мислења што ќе ги носи овој Совет и повторно ќе се реализираатштетни инфраструктурни проекти, а кои ќе значат понатамошно уништување на Охридскиот регион и со сигурност ќе бидат причина за губење на статусот на УНЕСКО во 2020 година.

Тие бараат:

–  Министерството за култура, како предлагач на Предлог-законот до Собранието на РСМ да го достави текстот на Предлог-законот кој беше предмет на јавна расправа и кој беше презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Баку во јуни 2019 год.;
– Собранието  во прво читање да расправа по текстот на Предлог-законот од ноември 2018. кој беше консултиран со засегнатите страни и јавноста и кој беше доставен до Комитетот на УНЕСКО во Баку во јуни 2019 год.
– Владата да ја препознае заканата од уништување на природното и културно наследство и сериозно и доследно да се заложи за спроведување назаконските и подзаконските акти донесени во оваа држава, почнувајќи со Уставот на РСМ, а кои посебно влијаат на природнотото и културното наследство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...