Фејсбук група, која за само два дена пораснала на 15.000 членови, силно го поддржува и го прогласува за херој Филип Завадлав, осомничен за трикратно убиство во саботата во центарот на Сплит, јавуваат хрватските медиуми.
Поради својата психичка состојба, осомничениот сѐ уште не ја изнел својата одбрана и е испратен во Затворската болница во Загреб.
Бројот на луѓе кои го поддржуваат човекот кој среде бел ден, со „калашников“, на улица уби тројца, постојано расте. Членовите на ФБ групата на Завадлав му ангажирале и угледен и способен адвокат, а најавуваат и мирни протести.
Сите жртви на убиецот биле кривично пријавувани за разни дела, а Завадлав на Фејсбук веќе се заканувал дека ќе ја земе правдата во свои раце. Хрватските медиуми откриваат дека и самиот бил сторител на ситни кражби.