Во периодот од 2018 и 2019 година, Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, во Бирото за индустриска сопственост се обидел и делумно успеал да заштити дури 16 трговски марки.
Но, тоа не би било ништо необично, доколку меѓу тие трговски марки не е и Северно Македонска Пошта. Тргвската марка не е регистрирана, но апликацијата постои. Замислете, Боки аплицирал и за трговската марка Северно Македонски Телеком!
Човекот пукал на поштата и на телекомот… Не му текнално за железницата?
Тука се и марките Северно Македонска радио телевизија – 1 и Северно Македонска телевизија – 1, како и Прва Северно Македонска ТВ. Ова последново може да личи на приватно, ама претходните две марки можат да се поврзат со јавниот радиодифузен сервис.
Еве информација и за Велија Рамковски, сопственикот на поранешната А1 телевизија: Боки се обидел да ја регистрира и трговската марка А1 -Северно Македонска ТВ. Со кого ли се договорил за таа работа?
Сево ова може некому да му изгледа наивно, но познавачите знаат дека воопшто не е така. Апликацијата секако не значи дека апликантот ќе ја добие регистрацијата. Има период на одобрување, но факт е дека првиот апликант, во принцип, е во предност.
Секој што сака да се увери во ова треба да го отвори следниот ЛИНК:
Таму, во полето Aplicant/Owner, треба да се впише името и презимето на Бојан Јовановски, со кирилични букви. Уживајте во забавата!