Невалидни податоците за квалитетот на воздухот во Гази Баба

134
20151224 Thursday magla skopje zagadeno zagadenost zagaden vozduh pm chestici chestichki smog

Податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Гази Баба во текот на изминатите пет часа се невалидни поради замена на потрошен дел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека поради технички зафат врз инструментот за мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри од Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Гази Баба, односно замена на потрошен материјал (филтер во облик на лента) преку која се врши отчитување на мерените концентрации, податоците од 06:00 до 11:00 часот на 09.11.2019 година се невалидни – наведуваат во соопштението.

Оттаму додаваат дека тие не се одраз на извршени мерења, туку на соодветен код од инструментот кога истиот има недостаток.

Појаснуваат дека е извршена замена на потрошниот материјал и грешката во инструментот е отстранета.

Инструментот е пуштен во работен режим, додека податоците од наредните извршени мерења на концентрацијата на ПМ 10 ќе бидат достапни од 13:00 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...