НДП ги напушти и Владата и Собранието

4640

Не прифаќаме одземање на министерството од коалицискиот партнер, за да задоволите коалициски партнер на СДСМ, порача Весел Мемеди, лидер на НДП и потпретседател на Собранието на прес конференција за предлогот на премиерот Зоран Заев за разрешување на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Тој информира дека ќе поднесат неотповикливи оставки од сите директорски места, управни одбори и дека тој ќе се повлече од функцијата потпретседател на Собранието и дека повеќе не е преатеник.

– Не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе Албанци министри, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го отстапам оваа министерство на коалицискиот партнер на СДСМ. Немам никаково морално право, ниту едно друго право, да жртвувам една чесна и способна фигура како што е мојот министер Сухејл Фазлиу. Ако коалиционите партнери СДСМ и ДУИ посакуваат да го продолжат нашиот заеднички пат кон заокружување на финалните цели, со најкоректниот и најчесниот партнер што некогаш го имале, НДП, тогаш СДСМ треба да го повлече предлогот за разрешување на нашиот министер, а другиот коалиционен владин партнер ДУИ, да не го гласа разрешувањето на нашиот министер – рече Мемди.

Плусинфо вчера објави дека НДП е можно да излезез од Влада.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...