НБРМ: Економијата годинава ќе забележи раст од 2,3 отсто

Претходно НБРМ планираше раст на економијата од 3,2 отсто.

113

Народнарта банка ја намали прокецијата за растот економијата за годинава од 3,2 на 2,3 отсто. За следната година планира раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3,5 отсто и за 2020 година од 3,8 отсто, додека од 2021 година очекува раст од 4 отсто.

Новите проекции за растот на економијата според гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска се поставени на очекувањата за стабилно домашно и надворешно опкружување.

-Надолната корекција е одраз на послабите остварувања во првата половина од година кога очекувавме економски раст од 3,3 отсто, а остварувањата се 1,6 отсто, при што најголемото отстапување е во сегментот на инвестициите- појасни Ангеловска Бежоска.

Во поглед на структурата на очекуваниот раст се очекува домашната побарувачка да биде главниот двигател на растот со исклучок на годинава кога најголем ефект ќе има нето извозот.

-На среден рок се очекува извозната побарувачка и натаму да биде клучниот фактор на растот што е поврзано со активноста на странските извозни капацитети, очекуваниот влез на нови компании и натамошниот раст на странската ефективна побарувачка и увозните цени – рече Ангеловска Бежоска.

Инвестициите иако се сметаат како ризичен фактор, се очекува и да бидат значаен стимул на растот. Посебно се очекува нивен позитивен раст од следната година.

Во есенската проекција НБРМ изврши надолна корекција и кај очекувањата за инфлацијата. За годинава преокетирана е на 1,6 отсто наспроти проектираните два процента во април, додека за наредните три години е проектирана на околу два отсто.

НБРМ прогнозира натамошно стеснување на дефицитот на тековната сметка за годинава на ниво од 0,5 отсто, а на среден рок умерен дефицит од 1,6 отсто од БДП. Се врши и нагорна ревизија и на депозитниот раст кој се очекува да изнесува 10,2 процента и 7,7 проценти за годинава и следната година, а кој во априлската проекција изнесуваше 6,5 отсто.

Централната бака очекува раст и на кредитирањето. За годинава 8,4 отсто, а за 2019 година од 8,5 отсто.

Ангеловска Бежоска рече дека еден од клучните ризици и натаму продолжува да биде инвестициската активност, а во однос на јавниот долг рече дека е потребно спроведување на стратегијата за фискална консолидација.

–  За одржливоста на јавните финансии е важно да се одвива процес на фискална консолидација, а суштината на тоа е на крајот да доведе до стабилизација на нивото на јавниот долг изразено како процент од БДП, а потоа и негово намалување- рече Ангеловска Бежовска.

Ревизија на растот на БДП за годинава претходно изврши и Министерството за финансии со предложениот ребаланс на буџетот, намалувајќи ја проекцијата за реалниот економски раст од 3,2 отсто на 2,8 отсто.

Корекции на предвидувањата за растот на економијата претходно направија и Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...