Поранешната американска кошаркарска ѕвезда Денис Родман, чест посетител на Пјонгџанг, изјави дека ќе биде во Сингапур во вторник за време на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, иако Белата куќа негираше негово учество на состанокот.
Родман, поранешна НБА ѕвезда, досега петпати бил во Пјонгџанг од доаѓањето на власт на Ким Џонг Ун, кој е голем љубител на кошарката и негов личен пријател.
Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека Родман ќе отпатува за Сингапур, а Белата куќа во четвртокот негираше дека тој на кој било начин ќе биде вклучен во разговорите.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го обожава Родман, дека тој е добар човек, но дека не е повикан на средбата.