На 4 април 1949 година – речиси точно четири години по безусловното предавање на Германија со што заврши Втората светска војна во Европа – 12 земји во Вашингтон го потпишаа Северноатлантскиот договор.
Во рок од пет месеци, секоја од овие земји го ратификува договорот, запечатувајќи го своето членство во Северноатлантската организација или НАТО.
Во текот на 70 години, Алијансата реагираше на кризи во Европа и во целиот свет. Исто така порасна, инкорпорирајќи западноевропски земји и поранешни советски републики. НАТО, исто така, ги вбројува земјите во Азија, Океанија и Латинска Америка како глобални партнери.
Проширувањето на НАТО не беше без проблеми, но Алијансата сега е во процес на прифаќање на својата 30-та членка и е поголема од кога и да е.
Во продолжение е датумот на кој членките пристапиле кон НАТО.
4 април 1949 – Белгија е една од 12 земји основачки што го потпиша Северноатлантскиот договор четири години по крајот на Втората светска војна.
4 април 1949 – Канада
4 април 1949 – Данска
4 април 1949 – Франција. Но, францускиот претседател Шарл де Гол ги повлече француските вооружени сили од интегрираната воена структура на НАТО во 1966 година, поради желбата за поголема независност, особено од САД.
4 април 1949 – Исланд немаше и сѐ уште нема вооружени сили, но има крајбрежна стража, национална полиција, систем за воздушна одбрана и доброволни експедитивни мировни сили.
4 април 1949 – Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка,
18 февруари 1952 – Грција
18 февруари 1952 – Турција
6 мај 1955 – Западна Германија ѝ се приклучи на Алијансата шест години откако беше формирана државата. Меѓупериодот беше исполнет со дебата во Западна Германија и во Западна Европа за тоа дали и како да се интегрира новата земја. Кога Западна и Источна Германија повторно се обединија на 3 октомври 1990 година, земјата го потврди членството во Алијансата.
30 мај 1982 – Шпанија се приклучи седум години по завршувањето на диктатурата на Франко. Земјата, исто така, преживеа воен удар во 1981 година, а нејзината водечка опозициска партија, Социјалистичката партија, првично се противеше на приклучувањето.
12 мај 1999 – Чешката Република беше една од трите земји чијшто прием го означи првиот бран проширување на НАТО по Студената војна. Чешка, Унгарија и Полска беа првите поранешни членки на Варшавскиот пакт што ѝ се приклучија на Алијансата.
29 март 2004 – Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија се седумте земји што му се приклучија на НАТО во вториот бран проширувања по Студената војна.
Балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија немаат свои воздушни сили, па од нивното приклучување во 2004 година, другите членки на НАТО вршат ротирање на авиони и помошни единици преку трите земји како дел од мисијата на НАТО за балтичката воздухопловна политика.
1 април 2009 – Албанија и Хрватска тесно соработуваа со НАТО пред приклучувањето, посебно во областа на одбраната и безбедноста.
5 јуни 2017 – Црна Гора, најновата членка на Алијансата, почна тесна соработка со НАТО набрзо по прогласувањето независност во јуни 2006, вклучувајќи и учество во мисии на НАТО во Авганистан од почетокот на 2010 година.
2019 ? – Северна Македонија беше поканета да се приклучи во НАТО во јули 2018 година, а на почетокот на февруари членките на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување за земјата, која наскоро ќе биде 30. членка. Секоја членка на НАТО сега мора да го ратификува пристапниот протокол за Северна Македонија официјално да се приклучи. Тоа може да се случи до крајот на 2019 година.
Неодамнешните критики за НАТО се фокусираа на проширувањето по Студената војна, поставувајќи ги прашањата што тоа новите членки носат во Алијансата и дали е во интерес на НАТО да се обврзат дека ќе ги брани.
Русија, исто така, го критикува ова проширување. Москва се обиде да го запре присоединувањето на Црна Гора со поттикнување неуспешен државен удар во земјата кон крајот на 2016 година. Членството на Северна Македонија ќе го зајакне присуството на НАТО на Балканот, област каде што одамна постои руското влијание.
Претседателот Доналд Трамп, чест и цврст критичар на НАТО, ја разгори оваа дебата летото во 2018 година, кога ја отвори темата за тоа дали САД треба да ја бранат Црна Гора.
Трамп, иако ја повтори веќе споменуваната критика, беше насекаде прекоруван поради тоа што навидум го поткопа принципот на колективна одбрана, со што се поткопува постоењето на НАТО.