На 35 години почина оперската пејачка Черити Тилемен-Дик

754
ФОТО: МИА

Американска оперска пејачка Черити Тилемен-Дик почина на 35-годишна возраст, објави нејзиното семејство на Фејсбук.

Пејачката со години се бореше со хипертензија на белите дробови. Имаше и две трансплантации на бели дробови, но и покрај сè, со својот глас ги одушевуваше милионите обожаватели ширум САД, Европа и Азија.

– Животот е полн со смрт, музиката  е полна тага – напиша дивата во своите мемоари објавени 2017 година.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...