Во Граѓанскиот суд во Скопје денеска се одржа ново рочиште во судскиот спор помеѓу братот на премиерот Зоран Заев, Вице, и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, а на 22 април ќе се соопшти и пресудата.
Вице Заев го тужи Николовски за клевета и навреда бидејќи во изјава во која споменува „наместени тендери за братот на премиерот“. На денешното рочиште по барање на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се читаа текстови објавени на интернет портали за наводни бизнис зделки.
Николовски посочува оти изјавата ја дал како партиски функционер во опозицијата и дека критиката му е насочена кон Владата.
– Работата на опозицијата е да ја критикува власта – смета тој.
Адвокатот на Вице Заев, пак, смета оти Николовски ги повредил угледот и честа на братот на премиерот.
Како што е веќе познато од претходните рочишта, братот на премиерот бара отштета од 30.000 денари (околу 500 евра).