На 21 година ќе може да си купите цигари во Њујорк

112

Њујоршкиот Сенат, кој е под контрола на демократите, усвои правилник сличен на тој што го имаат уште седум американски држави, а според кој се зголемува границата за купување цигари и електронски цигари од 18 на 21 година.

Откако пратениците ќе го потпишат правилникот, оваа одредба ќе стапи на сила во рок од 120 дена.

– Во наша моќ е тутунските производи да не стигнат во рацете на младите – изјави сенаторот Ендру Куомо.

Според новиот правилник, ќе биде забранета продажба на цигари на лица помлади од 21 година, а таа мерка веќе се спроведува во седум американски сојузни држави и стотина општини, меѓу другото и во градот Њујорк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...