На Џејми Оливер му пропаднаа рестораните, но тој си исплати милиони евра

Финансискиот крах, се чини, славниот готвач сепак, нема премногу силно да го почувствува на сопствениот џеб иако останал без 20-тина ресторани.

5496

Повеќе од 1.000 негови поранешни вработени останаа без работа, а по се изгледа на најпознатиот ТВ-готвач на 21. век рестораните му беа затворани како на лента лани.
Сепак, Џејми Оливер (44) си исплатил сам себе повеќе од пет милиони евра бонус, пишува британски „Гардијан“.

Финансискиот крах, се чини, славниот готвач сепак, нема премногу силно да го почувствува на сопствениот џеб иако останал без 20-тина ресторани. Му пресудија енормните трошоци и промашениот концепт, сметаат аналитичарите, а своевремено Оливер прогласи сопствен банкрот.

На Оливер, освен финансиски, пропаѓањето на неговиот бизнис во добар дел го погоди и на човечко ниво. Со многу вработени работел со години и поминал трновит пат, а при затворањето на рестораните им се обрати со емотивен имејл.

„Во моментот не можам физички да бидам со вас, но сакав на сите да ви се заблагодарам што го вложивте срцето и душата во нашите ресторани. Нашите прехранбени стандарди секогаш нè издвојуваа од конкуренцијата и многу нешта на што можете да бидете горди“, ги охрабрил Оливер поранешните вработени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...