На јавен обвинител од Кичево му подметнале бомба во гаража, оштетен „сеатот“

387

Возило на јавен обвинител од Кичево е оштетено откако во неговата гаража бил подметнат пожар со експлозив, вчера околу 19.00 часот, соопшти Основното јавно обвинителство.

Како што е наведено во соопштението, со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево. Експлозијата оштетила патничко моторно возило „сеат леон“  кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец, гумите на истото возило биле со нож исечени од непознато лице.

Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството врши проверка и на видео записите од камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...