На Школка вечерва се отвора Самрленд

340

После доброто искуство што Скопје го имаше со Винтерлендот, еве не денеска да го најавиме вечерашното отворање на Самрленд на Школка во Градскиот парк, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој додаде дека за таа цел почнувајќи од денеска, па се до 28-ми јули секојдневно ќе се организараат дружења во Градски парк, односно дека е обезбедена богата  програма со добра музика на Школка,  Chill & Fun Зона каде што граѓаните ќе можат да се забавуваат со board игри, флипери, фудбалче, табла и Playstation.

– За најмалите имаме детско катче со забавни активности кои ќе бидат вистинско уживање и за децата и за родителите. Секако, неизоставен дел ќе бидат и хуманитарните и едукативни настани, изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, кино на отворено и многу други забавни содржини кои ќе го направат ова лето во Скопје незаборавно – истакна Шилегов.

Скопје ова лето ќе понуди нешто што никогаш досега не било организирано во овој период од годината. Освен за жителите на Скопје очекуваме  дека овие содржини ќе бидат атрактивни и за туристите и другите посетители коишто природно во летниот период се помногубројни.

– Ги повикувам сите љубители на добра забава без разлика на возраста да ни се придружат овој јули во Градскиот парк и заедно да се дружиме и да се разладуваме во најубавиот дел од нашето Скопје. Нека летниот период во Скопје биде забавен за сите! – порача Шилегов  на крајот од своето обраќање пред Школка во Градскиот парк.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...