На Шапка натрупа 21 см снег, најстудено во Тетово

312

Највисока снежна покривка измерена утрово од 21 сантиметар има на Попова Шапка, потоа следат Маврови Анови со 9 см, 3 во Крива Паланка и 2 см во Крушево.

Најстудено е во Тетово со температура од минуст пет степени, минус четири се измерени во Скопје Зајчев Рид, во Крива Паланка, Битола и во Прилеп, минус два во Штип, Струмица и Лазарополе, минус еден се регистрирани во Демир Капија и Претор. Во Охрид и Крушево утрово со нула степени, еден во Маврово и Виница, два во Гевгелија и четири во Дојран.

Времето е умерено до значително облачно, по котлините со магла. Особено намалена видливост има во Полог и Беровско, како и на некои планински превои.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...