Црква во Ласиња, место оддалечено половина час од Карловац, нема да смее да ѕвони од 22 до 6 часот наутро.
Тоа е пресудата која ја донел судот во Карловац по тужба на Анте Шитума, кој со својот син одлучиле по судски пат да стават крај на ѕвонењето на црквата, која се огласувала на секои 15 минути и дење и ноќе.
Семејството Шитума живее во куќа спорти црквата, па сака да се заштити од бучавата.
На пресудата ќе има жалба, најавил адвокатот Анѓелко Јурешко.
– Против пресудата ќе поднесеме жалба, постојат сомнежи дека не е во согласност со законот. Имено, според прописите на Република Хрватска, заштита од бука не се применува на верски објекти. Судот се повика на одлука на Европскиот суд за човекови права, иако во пресудата судијата сам нагласи дека тие не се однесуваат на ваков случај, сепак ќе била применета праксата на Европскиот суд – рекол Јурешко.