Портокаловиот тен на американскиот претседател, Доналд Трамп, последните денови е топ тема на Твитер и илјадници луѓе се шегуваат на негова сметка.
Сега на Твитер се шири фотографија на која во фотошоп е отстранета портокаловата боја од лицето на Трамп. Ја уредила графичката дизајнерка Џен Левис, а ја споделиле повеќе од 17.000 корисници на Твитер.
„Мене вака ми изгледа уште полошо“, коментирал познатиот инфлуенсер Мани Муа.
Да потсетиме, Твитер пред неколку денови почна да се шегува со портокаловиот тен на Доналд Трамп, на фотографиите направени при неговото враќање од службениот пат од Северна Каролина во Белата куќа. Трамп во лицето е портокалов, а на рабовите се гледа преминот во неговата природна бледа боја на тенот.
Тој рекол дека фотографиите се всушност дело на фотошоп и дека се во прашање „лажни вести“.
FOTO: Tviter/Printskrin
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO