
Нефи Усеини, советник во Општина Охрид од ДУИ не му се разговара со новинари за неговата дивоградба која од вчера е новоотврена пицерија во Очрид. Тој ги советува новинарите да не се занимаваат со неговата дивоградба туку, како што вели, да се интересираат за други дивоградби.
– Ве молам оставете ме на мира, да не бидам безобразен, расправајте се со други дивоградби – кусо изјавил Усени за ТВ 24 вести.
Иако општината Охрид издаде решение дека станува збор за двоградба, Усени наместо да го отстрани објектот, имаше свечено отворање на ресторан.