Тоа што охридските крајезерски бифеџии влегле „само” десетина метри во езерото и заграбиле „само” стотина метри квадратни површина, изгледа како мала шега во однос на потфатот на „хотелиерот – ресторанџија” од струшкото крајезерско село Калишта.
„Храбриот и снаодлив” 55-годишен калиштанец, во текот на 2013 година, на парцела во село Калишта, на место викано „Љумче“, како инвеститор, без одобрение за градење и без соодветна документација, изградил објект–автокамп!
При тоа ја оградил целата парцела со мрежа, а во просторот на автокампот без дозвола изградил и поставил ресторан, бетонска скара и метален контејнер, додека во водите на Охридското Езеро извел платформа од камен и бетон!!!
Од надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга тој доби кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.