На улица пронајден претепан маж во бесознание

1117

Доцна синоќа од Итната медицинска помош било пријавено дека во близина на дискотека во Градски парк во Скопје, на улица бил пронајден 38-годишниот И.А., кој лежел во бесознание со повреди од физички напад.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош.

МВР јави дека презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...