На увид ДУП-овите за Судска палата 1 и 2

310

Од денеска Општина Центар ги става на јавна презентација и јавна анкета Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 и повторна јавна анкета и јавна презентација на ДУП ЦС 06 – локалитет Судска палата 2.

Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 06 – локалитет Судска палата 2 е дефиниран на север по оската на булеварот Гоце Делчев, на исток по оската на булеварот Крушевска Република, на запад по оската на булеварот Крсте Мисирков, а на југ по оската на постоечкото речно корито на Вардар. Вкупната површина на планот е 15,53 хектари.

Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 е дефиниран на север по оската на булеварот Гоце Делчев, на исток по оската на улицата Никола Карев, на југ по оската на коритото на Вардар, а на запад по оската на булеварот Крушевска Република. Вкупната површина на планот е 4,51 хектари.

Нацрт плановите за двата ДУП-а ќе бидат изложени во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (Бул. Гоце Делчев бр. 14), а граѓаните ќе можат да ги видат, секој работен ден 08.00 до 16.00 часот, почнувајќи од денеска (17.06.2019) до 28.06.2019. Нацрт плановите можат да се видат и на веб страницата на Општина Центар, www.centar.gov.mk.

Јавните презентации по двата нацрт план ќе се одржат на 19.06.2019 часот во Општина Центар (барака 6), со почеток во 13.00, односно 13.30 часот.

Анкетните листови со предлози и забелешки за плановите, граѓаните можат да ги достават во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и/или по електронски пат на planiranje@centar.gov.mk.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...