На трката за претседател на САД се приклучува и Бајден

178
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден, се очекува да го објави своето учество во трката за претседател на САД на изборите во 2020 година, јави „Ај-Би-Си Њуз“.

Бајден планира утре преку видео да ја објави својата кандидатура, а веќе в понеделник да се сретне со синдикалните претставници во Питсбург.

„Волстрит Журнал“ претходно објави за плановите на Бајден да се кандидира за претседател од страна на Демократската партија. Според весникот, поранешниот потпретседател од времето на Барак Обама, минатата недела ја споделил својата намера со десетмина свои поддржувачи и побарал нивно спонзорство.

Бајден в четврток ја започнува претседателската трка со нула долари, објави „Њујорк Тајмс“.

ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...