На Трамп со закон му се забрани да ги повлече САД од НАТО

663
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Претставничкиот дом во САД одобри закон со кој се забранува американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече државата од НАТО.

Законот „За поддршка на НАТО“ беше одобрен со 357 гласа „за“ и 22 „против“.  Со него се предвидува „спречување на какви било обиди на претседателот да ја напушти Алијансата и забранува користење буџетски средства за таков чекор“, појасни еден од подносителите – Џим Панета од Демократската партија.

Законот го поддржува препораките државите членки на НАТО да одвојуваат најамалку два отсто од БДП за одбрана и предлага давање значителни средства за т.н. Европска иницијатива за одговор на руска агресија.

Пред неколку дена „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп минатата година предложил САД да се повлечат од НАТО.

ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...