Со проекција на видео снимки од телевизиски куќи, во Кривичниот суд започна рочиштето за предметот „Тортура“ на СЈО.
Во првата снимка од дневникот на Македонската телевизија се виде дека прва вест е апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски и како врзан со лисици на рацете се врши увид во неговиот автомобил на местото каде што е уапсен.
Во „Тортура“, обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори