На тинејџерките кои го убија таткото монструм им се заканува 20 години робија (ВИДЕО)

Сестрите го убиле таткото бидејќи со години ги злоставувал и сексуално и физички и психички.

5501
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Руските тинејџерки, 19-годишната Кристина, 18-годишната Ангелина и 17-годишната Марија Качатуријан минатиот јули го признаа убиството на нивниот 57-годишен татко Михаило. Година дена подоцна, случајот и понатаму предизвикува дебати во Русија.

Наводно, на нив им се закануваат околу 20 години робија.

Изминатиот период тие биле во куќен притвор.

Сестрите го убиле таткото бидејќи со години ги злоставувал и сексуално и физички и психички.

На денот на убиството, тој во повеќе наврати ги понижувал девојките, а потоа најстарата ја попрскал со спреј во лицето, по што таа ја изгубила свеста.

– Обвинението е, благо речено, чудно. Случајот на Обвинителството е полн со претпоставки, измислени работи, недоследности – напишал адвокатот Паршин.

Околу 350 лица на 19 јуни се собрале пред седиштето на Истражниот комитет во Москва, сакајќи да ги одбранат сестрите.

„Неопхадна самоодбрана не може да биде злосторство“, „Затоа што се спасија се соочуваат со 20 години затвор“, пишувало на плакати.

Според првиот извештај, злосторството било спонтано, откако таткото ја нападнал Кристина, по што таа го земала ножот. Иако, медиумите наведуваат дека мажот спиел кога една од девојките го нападнала со нож, а потоа се придружиле и другите две со нож и чекан. Бројот на убоди варира од 36 до 45, а убиениот имал рани по вратот, околу срцето и по стомакот.

Судот го отфрлил тврдењето дека злосторството е направено бидејќи тие не можеле да го трпат злоставувањето и покрај сведочењето на соседите и пријателите кои го потврдиле исказот на обвинетите.

Според сведоците, на ќерките не им било дозволено да излезат надвор, дури ни во училиште, а тој се однесувал како вистински тиранин. Наводно им се заканувал со пиштол и редовно ги тепал, а им забранувал и излегувања со пријатели. Дури и мајката на девојките побегнала поради малтретирањето.

Една од обвинетите во еден момент била принудена да јаде влакна од куче од подот.

– Секогаш ги тепаше. Еднаш ги однесе во шума и им се закани дека ќе ги убие. Мајката побегна, а тој им забрани секаква комуникација со неа. Тој беше поврзан со подземјето – рекла една семејна пријателка.

За убиениот се знаело дека бил близок со криминалци. Додека му бил претресуван станот, биле пронајдени оружје и два килограма хероин.

И самиот конзумирал дрога, а со своите ќерки организирал низа скандалозни активности. Не работел никаде, а семејството живеело навистина добро.

ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...