Вчера во СВР Тетово биле лишени од слобода Ш.Т.(42) и Д.Т.(68) од с.Церово, тетовско, кај кои истиот ден во периодот од 06,45 до 09,30 часот, постапувајќи по претходно издадена наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници при преглед во куќа и патничко возило „голф 5“ со тетовски регистарски ознаки во сопственост на Ш.Т. и неговиот татко Д.Т. пронашле марихуана, пушка „бокерица“ кал.12мм, 13 патрони различен калибар и 15 куршуми калибар 7,62 и 15 м. дрва без печат.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.