На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е
зголемен.